329
Единствениот претставник на Македонија во атлетските дисциплини на ЛОИ во Токио, Јован Стојоски рано утрово излезе на атлетските патеки, во дисциплината 400 метри.
Tој истрча време од 46.81 што е за една стотинка подобро од неговиот личен рекорд и се пласираше на 38. позиција од вкупно 48 атлетичари кои се појавија на тартан патеката.
Тоа беше доволно само да биде претпоследен во својата квалификациска група, односно последен, бидејќи дисквалификуван беше Кипкуруи Емануел Корир од Кенија. Победник во групата беше Колумбиецот Антонио Хозе Замбрано со време од 44,87 секунди.