215
Министерството за внатрешни работи продолжува да дели казни на несовесните возачи.
Според нив, вчера санкционирани се 327 возачи кои возеле пребрзо, а 107 возеле под дејство на алкохол.
Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови, а МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и сите заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.