Заев: Пожарот во Кочани е локализиран благодарание на пожарникарите и солидарноста на граѓаните

од Nikola Popovski
255 прегледи

Пожарот во Кочани е локализиран благодарение на професионалноста на пожарникарите, на помошта која стига од целата држава и на солидарноста на граѓаните. Системот функционира, во текот на целиот ден безбедноста на граѓаните ни беше на прво место и до овој момент немаме лица со изгореници, информира вечерва премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

Тој соопшти дека останува со министерот Филипче во Кочани цела ноќ, а во кумановско се веќе вицепремиерот Николовски и министерот Спасовски.

-Упатувам благодарност до граѓаните што помагаат и до претставниците на медиумите што известуваат навремено, точно и одговорно. Утре наутро очекуваме помош од соседите, претседателот Пендаровски се слушна со претседателот на Бугарија Радев, а јас се чув со претседателот на Србија Вучиќ и со премиерот на Бугарија Јанев. Будно ја следиме состојбата, нема паника, ситуацијата е под контрола, поголем дел од пожарите се локализирани. Апелирам за одговорно споделување точни информации од страна на граѓаните преку социјалните мрежи и преку медиумите. Безбедноста на луѓето на прво место, стои во објавата на премиерот.

 

Слични содржини