НОВИ ДЕТАЛИ за крајот на бракот на Бил Гејтс: Сѐ започнало со писмо кое ја открило тајната на милијардерот

од Stefanija Kuzmanovska
409 прегледи

Бил и Мелинда Гејтс се познати речиси три децении како еден од најстабилните парови, а нивната работа во хуманитарната организација што го носи нивното име предизвика само воодушевување. Но, веста за разводот го шокираше светот пред три месеци. Разводот, кој буквално вреди милијарди, заврши вчера во судот во округот Кинг, Вашингтон, САД.

Бидејќи немаше предбрачен договор, тие одлучија да го поделат имотот вреден повеќе од 130 милијарди. Американските медиуми пренесуваат дека Мелинда Гејтс ќе добие неверојатни 65 милијарди долари, притоа задржувајќи го презимето Гејтс.

Разводот откри несоодветно однесување

Многу брзо откако беше објавена веста за разводот, во јавноста се појавија приказни дека Гејтс ја изневерил својата сопруга и дека имало дури и случаи на сексуална злоупотреба во време кога тој бил на чело на „Мајкрософт“.

„Дејли Меил“ пишува дека брачните проблеми настанале откако Мелинда Гејтс во 2019 година го прочитала писмото напишано од вработен во „Мајкрософт“ во кое стоело дека нејзиниот сопруг имал несоодветна врска со вработен.

Гејтс беше сменет во 2020 година од неговата позиција како член на одборот на „Мајкрософт“ по истрага за неговото однесување и афера со вработен, која наводно завршила со „пријателски тон“.

Мелинда не побара алиментација при разводот, бидејќи на денот кога поднела барање за развод, добила акции во износ од 2 милијарди долари. Еден ден подоцна, поранешниот лидер на „Мајкрософт“ ѝ додаде 25 милиони акции на мексиканска Кока-Кола во нејзиното портфолио.

Слични содржини