Иванова: И во новиот Стратешки план на Собранието целта ни е самостојни безбедносни служби

од desk4
253 прегледи

Независен буџет на Собранието на РСМ и создавање на законски основ за независност на Собранискиот канал, се двете важни цели кои беа остварени со Стратешкиот план на Собранието за периодот од 2018 – 2021 година, рече генералната секретарка Цветанка Иванова на четвртата седница на Буџетскиот совет на Собранието која се одржа минатата недела.

-Ако се има во предвид дека пред една година донесовме и измени на Законот за Собрание со кое што ја осамостоивме собраниската служба, ја извадивме од системот на јавната админситрација, тоа значи дека овој собраниски состав ја заокружи целта што беше поставена со Стратешкиот план 2018 – 2021 каде што утврдивме четири важни стратешки цели и потцели, (остамостојување на собраниската служба, независно буџетирање на Собранието, осамостојување на собранискиот канал или создавање правен основ за отпочнување на реформи на Собранискиот канал и независно обезбедување на Собранието, рече Иванова.

Според Иванова, Собранието во овој период не успеа да реализира еден од најважните предизвици кои што бил предвиден со стариот стратешки – осамостојувањето на обезбедувањето на Собранието. Таа информираше дека оваа стратешка цел ќе биде пренесена во новиот Статешкиот план на Собранието на РСМ за периодот 2022 – 2026.

Б.Т.