152 пожари што избија минатата среда во Турција се изгасени, изјави министерот за земјоделство и шумарство, Бекир Пакдемирли.
Продолжуваат напорите за локализирање на уште 11 пожари. Заклучно со 28 јули, избувнаа 163 пожари во 38 провинции во Турција.
Пакдемирли, заедно со министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, се обратија на прес-конференција од областа Мармарис на југот на земјата.
Пакдемирли рече дека 16 авиони, девет беспилотни летала, 51 хеликоптер, еден дрон, 155 парчиња градежна опрема и 5.200 луѓе се борат со огнот.
Тој изрази поддршка за жртвите, велејќи дека се погодени 2.219 земјоделци во пет провинции, 18 окрузи и 78 села.
Пакдемирли информира дека во Мармарис е забележана рекордна температура на воздухот од 45,5 степени Целзиусови.
„Претходниот рекорд беше 45,2 степени, во јули 1988 година“, додаде министерот.
„Имаме добри вести од западната страна на Манавгат. Нашите тимови презедоа одреден ризик. Тие добро напредуваат “, рече Пакдемирли за пожарот што беснее во областа Манавгат во Анталија.
Министерот Сојлу рече дека 16.603 жители се евакуирани од 3.219 домаќинства во 28 населени места, поради пожарите во јужна Турција.