„Службите на ЦУК подготвија барање за извинување до пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Левков и од него ќе побараме да ги повлече кажаните зборови за клевета и лажните информации изнесени во јавноста. Доколку не се извини, ќе го тужам“, изјави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов за емисијата „Жешко политичко лето“.
Тој категорично тврди дека биле преземени сите мерки околу пожарот во Кочани.
„Се што ни беше на располагање употребивме тој ден. Градоначалниците ги раководат пожарите. Тие ја активираат активираат локалната самоуправа и противпожарните служби. Ние како ЦУК помагаме во делот на хеликоптери. Не направив пропуст, горд сум на тоа што го направивме во Кочани. ВМРО-ДПМНЕ треба да победат на избори, да формира влада и тогаш да кажат кој ќе биде директор на ЦУК“, потенцира Ангелов.