Се предлага прогласување кризна состојба на територијата на Македонија

од Nikola Popovski
327 прегледи

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов вечерва информираше дека е предложено до Владата да донесе Одлука за постоење на кризна состојба на територијата на РС Македонија заради зголемена појава на пожари и спречување од нивно ширење во траење од 30 дена.

-Групата за процена (составена од директорите на ЦУК, ДЗС, АНБ, БЈБ, Агенција за разузнавање, Заменикот на Началникот на Генералштабот на Армијата, Раководителот на службата за воена безбедност и разузнавање, замениците директори на ЦУК и ДЗС, и советникот за национална безбедност од кабинетот на Претседателот на РС Македонија) попладнево (04.08.2021) одржа седница на која поради зголемениот обем на пожарите, зголемениот ризик за граѓаните и неколку други причини, донесе едногласна одлука да му предложи на Управувачкиот комитет (министрите за внатрешни и надворешни работи, одбрана, здравство, транспорт и врски како и раководителот на групата за процена) да предложи до владата прогласување на кризна состојба на територијата на земјава, напиша Ангелов на Фејсбук.

Тој додаде дека Управувачкиот комитет на седница која ја одржа предмалку го прифати предлогот на Групата за процена и и’ предлага на Владата на РС Македонија да донесе одлука за постоење на кризна состојба на територијата на РС Македонија во траење од 30 дена.

Слични содржини