329
Поради исклучително високите температури на воздухот, веднаш по пристигнувањето на 5-те хеликоптери на местото на големиот шумски пожар, командантот на ескадрилата донел одлука за нивно повлекување поради ризично зголемување на работната температура, информира вечерва директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Според него, хеликоптерите повторно ќе се упатат кон Пехчево по намалување на температурата на воздухот за неколку степени.
-Безбедноста на посадата на воздухопловите како и безбедноста на луѓето на земја на прво место!, стои во објавата на Ангелов.