Откриено кој е всушност насмеаниот „касап“ на сликата со Вељко Беливук

од Stefanija Kuzmanovska
626 прегледи

Срѓан Лалиќ, човекот кој се смее на фотографијата со Вељко Беливук додека со раце ја држи мачената жртва, имал важна улога во овој неславен клан, и судејќи по обвинението поднесено минатата недела, тој бил третиот човек на оваа криминална група.

Лалиќ е осомничен за пет тешки убиства во соучество, а исто така е обвинет и за кривични дела: здружување заради извршување кривични дела, киднапирање, но и незаконско држење, носење и тргување со оружје и експлозивни направи. На него, како и на единаесет негови соработници, им се заканува доживотен затвор.

Обвинението го товари Лалиќ за истите дела како и Миjковиќ, попознат како Месар, а двајцата од Беливук се разликуваат по тоа што тој мора да одговара и за производство и ставање во промет на опојни дроги.

Ова значи дека истрагата утврдила, благодарение на собраните докази, особено фотографиите преземени од апликацијата Скај, дека Лалиќ учествувал во убиствата на Милан Љепоја, Александар Глигоријевиќ Пуки, Здравко Радојевиќ, Лазар Вукичевиќ и Горан Величковиќ Гокси.

Инаку, Лалиќ е ИТ експерт по професија кој бил задолжен за набавка и одржување на шифрирани телефони со апликацијата Скај во кланот на Беливук, преку кои членовите на озлогласениот клан комуницирале и разменувале фотографии од ужасни злосторства.

По апсењето, се сомневаше дека неговата улога е исклучиво да набави шифрирани телефони за Беливук и неговите луѓе и да им обезбеди комуникација преку апликацијата Скај.

– Лалиќ беше уапсен на 4 февруари. Отпрвин, се сомневаше дека неговата улога е само да обезбеди телефони со апликацијата Sky за шифрирана комуникација, регистрирање хостинг и перење пари, бидејќи тргувал со биткоини. Меѓутоа, истражителите беа шокирани кога сфатија дека компјутерскиот експерт со задоволство ја држи главата на измачената жртва – рекол изворот од истрагата.

Самиот Лалиќ наводно рекол по апсењето дека по професија е информатички инженер и дека завршил приватен универзитет. Потоа навел дека заработува од биткоин и дека месечните примања му се околу 1.300 евра. Тој не ја презентираше својата одбрана, но негираше каква било поврзаност со злосторствата.

Лалиќ беше уапсен во стан во приградска населба, а кај него за време на претресот беа пронајдени часовник Ролекс, бројач на пари, ГПС уред за следење, телефони и компјутери, додека има бројни камери за видео надзор пред вратата и на терасата на неговиот стан.

Слични содржини