Гореше и во Прилеп: Запалени четири бараки, спасени две неподвижни лица и бебе

од Nikola Popovski
282 прегледи

Во пожар кој избувна претпладнево во прилепската населба Варош, под Марковите кули, изгореа четири социјални бараки, a 11 жители останаа без своите домови.

Пожарникарите и жителите во последен момент спасиле човечки животи од огнот. Спасени се две неподвижни лица, а меѓу несреќните има и три деца од кои едно седумесечно бебе. Сите се во добра состојба.

Речиси два часа, повеќе од 10 пожарникари, со неколку возила, го гаснеа пожарот кој бил пријавен околу 10:30 часот. Сомнежот е во спој на апарат за акумулатори, но не е потврдено, објави МИА.

Локалната самоуправа најави помош. Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски вели дека семејствата ќе бидат привремено згрижени.

– Сакаме да помогнеме. Ќе ги сместиме во институциите, а потоа локалната самоуправа материјално ќе помогне, а ќе направиме логистика за и другите да помогнат, изјави Јованоски кој го посети местото на трагедијата.

Слични содржини