386
МВР поднесе кривична пријава против жител на Гостивар за бесправно градење во Маврово.
Според информациите на полицијата, поднесена е пријава против И.Д.(51) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела узурпација на недвижности и бесправно градење.
Во мај 2021 година тој узурпирал државно земјиште во општина Маврово и Ростуше и поставил бетонски греди и столбови без одобрение за градба издаден од надлежен орган, со што пријавениот се стекнал со противправна имотна корист и го оштетил државниот буџет.