Ако ви мириса на изгорено во Софија, тоа е од пожарите во Република Северна Македонија, објавил Бугарскиот национален институт за метеорологија и хидрологија, а пренесоа бугарските медиуми.
Според нив, во голем дел од Југозападна Бугарија има чад од пожарите.
-Со трансфер од југозапад, кој постепено се ориентира од запад, чадот ќе биде присутен и во наредните часови, соопштија бугарски медиуми.
Градоначалникот на Симитли Апостол Апостолов и претседателот на општинскиот совет Владимир Христов, ноќеска на границата со Северна Македонија ја проверуваа состојбата со пожарот помеѓу Делчево и Пехчево и се координираа за потребните активности за негово запирање на бугарска територија, јави дописникот на МИА од Софија.
Според Апостолов, ситуацијата е многу сериозна, а силниот ветер што дува во областа на границата меѓу Бугарија и Северна Македонија дополнително ја отежнува ситуацијата. Тој рече дека бил во постојан контакт со властите во С Македонија, како и со пожарникарите од Благоевград вклучени во гаснењето на пожарот.