Шилегов: Секоја година во Скопје се градат над 15 километри нови или се реконструираат постојните велосипедски патеки

од Nikola Popovski
205 прегледи

Подобрувањето на условите за користењето на велосипедот како превозно средство во Скопје е еден од врвните приоритети на Градот Скопје и во континуитет се работи на подобрување на велосипедската инфраструктура. Секоја година во Скопје се градат над 15 километри нови или се реконструираат постојните велосипедски патеки, а како резултат на посветената работа, годинава ја надминавме должината од вкупно 100 километри велосипедски патеки во Скопје, објави градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.

Според него, особено внимание се посветува и на ослободување на просторот на пешачките и на велосипедските патеки, преку поставување заштитни столпчиња.

Дополнително, во голема акција, целосно се отстранети несоодветно поставените билборди и реклами од велосипедските патеки во Малиот ринг, со што се стимулира користењето на велосипедот.Како една од мерките за стимулирање на користењето велосипед е доделувањето субвенции за граѓаните за купување велосипеди, што се реализираше и годинава и Градот Скопје додели околу 3000 субвенции. За потсетување, во 2018, 2019 и во 2020 година, Град Скопје додели над 10.000 субвенции за граѓаните што купија велосипед, додаде Шилегов.

Слични содржини