Џафери го потпиша Решението за избори, ќе се одржат на 17 октомври

од desk4
171 прегледи

 

Претседателот на Собранието денеска го потпиша Решението за распишување на избори за членови на Советите на општините и Советот на Градот Скопје, за градоначалници на општините и за градоначалник на Градот Скопје. Тој информираше дека согласно законската рамка и роковите утврдени во Изборниот законик, локалните избори ќе се одржат на 17 октомври 2021 година.
-Решението кое што го потпишав денес, согласно утврдените рокови и пракса ќе биде доставено до надлежното тело за спроведување на изборите, Државната изборна комисија на Република Северна Македонија. Со оглед на тоа што изборната кампања за локалните избори започнува 20 дена пред денот на одржување на изборите, би сакал да ја информирам јавноста дека, во текот на кампањата, Собранието на Република Северна Македонија нема да одржува пленарни и комисиски седници. На овој начин им се овозможува на политичките партии и нивните кандидати целосно да се посветат на изборната кампања и на барањата на граѓаните, истовремено избегнувајќи можност кампањата да се пресели во собраниската пленарна сала, стои во изјавата на Џафери.
Тој не ја исклучува можноста за свикување на итна седница на Собранието во овие 20 дена, доколку состојбата во државата го наложи тоа.