Продолжуваат преговорите околу трансферот на напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку во Челси, иако последната понуда на англискиот клуб беше одбиена, објавија италијанските медиуми.
Челси понуди 100 милиони евра и левиот бек Маркос Алонсо, но Интер одби и побара исклучиво кеш, односно 130 милиони евра. И клубот, наводно, ќе се согласи со 120 милиони евра плус бонуси.
Интер е во големи финансиски тешкотии и пред почетокот на преодниот рок, раководството на клубот истакна дека и покрај тоа, Лукаку не е на продажба, бидејќи беше еден од клучните играчи во освојувањето на италијанската титула. А против продажбата на Лукаку се директорите на Интер, Пјеро Аусилио и Бепе Марота, кои би можеле да поднесат оставка доколку тоа се случи.
Италијанските медиуми тврдат дека Лукаку веќе се договорил со Челси и дека е подготвен да потпише четиригодишен договор според кој би заработувал 15 милиони евра по сезона.