Пристигна хеликоптер за гасење пожари од Романија

од Vladimir Zorba
221 прегледи

„Канадер Т21“, специјализиран хеликоптер за гасење пожари пристигна од Романија, а напладне се очекува и авион „Хекрулес 530“, кој е со најсовремена опрема, носи придружна противпожарна опрема, пожарникари и други пропратни материјално-технички ресурси за гасење пожари. Помошта ќе биде распределена таму каде што е најкритично, соопшти денеска на прес-конференција помошник-раководителот на Секторот за операции и координација при Центарот за управување со кризи, Марија Милкова.

Раководителот на Секторот за операции и координација при Центарот за управување со кризи, Горан Стојановски појасни дека авионот „Хекрулес 530“ е товарен и е прилагоден дополнително за гасење на пожари.

– Се работи за специјализиран авион, за специјализирана намена кој со себе носи материјално-технички ресурси, носи луѓе, пожарникари и шесттонски кеси наполнети со вода и при летањето на подрачјето кое му се задава како координати за активен пожар тие се хидраулични и во форма на падобран бомба се концентрираат на пожарното дејствие каде практично е изворот на жариштето на пожарот. Тоа се големи авиони, нормално во координација со ВИНГ-от и со Генералштабот, нагласи Стојановски.

Тој потенцира дека оперативниот центар денеска ќе се одлучи од каде овој авион ќе се полни со вода, имајќи предвид дека со правилата на УНЕСКО тоа е забрането на Охридското Езеро.

– Имаме две можности – Преспанско Езеро и уште едно од поголемите вештачки езера, така што денеска ќе одлучиме како тоа ќе се врши и верувам дека денеска во 17 часот во пресекот на денот ќе имаме јасна информација за начинот и процесот и постапката на негово дејствување, рече Стојановски.

Тој рече дека верува оти со овие материјално-технинчки средства и летала кои навистина се користат за оваа намена, за големи пожари и ќе бидат добредојдени со оглед на временските педиспозиции кои се очекуваат – сончево, топло време и можноста од дополнителен развој на ситуацијата со дополнителни пожари многу ќе придонесе за да можат со нив да се справат.

Слични содржини