Двајца скопјани се истепале во фитнес центар

од Берта Китинска
175 прегледи

Вчера во 13.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во фитнес центар во Спортски центар во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу К.К.(42) од Скопје и С.Ј.(24) од Скопје, информираат од МВР.

Сочинети биле записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, информираат од полицијата.