Руските власти денеска започнаа со евакуација на жителите на две села во Сибир, регион каде во моментов беснеат 155 активни шумски пожари.
Пожарот се заканува на неколку села на североисток од Јакутија, а 3.600 пожарникари се борат со огнот. Локалните власти ги евакуираат жителите на селата Калвица и Карјалах во други населени области.
Во пожарот вчера беа уништени 31 куќа и осум згради во селото Биас-Куел, а беа евакуирани околу 400 жители, соопштија официјалните лица.
Во последните години Русија забележа рекордно високи температури, за кои многу научници веруваат дека се резултат на климатските промени.