Пожарот Дикси е втор по големина во историјата на Калифорнија

од Берта Китинска
272 прегледи

Пожарот што ја зафаќа северна Калифорнија прерасна во втор најголем досега во историјата на таа американска федерална држава, објавија локалните власти, неколку дена откако пожарот го уништи историскиот град изграден за време на Златната треска и принуди илјадници жители да се евакуираат .

Шумскиот пожар Дикси сега гори на повеќе од 1.850 квадратни километри. Пожарникарите објавија дека 21 отсто од загрозените подрачја биле под контрола утрово во 9 часот по локално време.

Тие додадоа дека досега е изгорена површина поголема од градот Хјустон.

Само пожарот што беше во август 2020 година, кој зафати поголема површина, поточно повеќе од 3.500 квадратни километри, беше потежок од Дикси.

За среќа, засега нема информации за смртните случаи, но според податоците на шерифот на областа Плумас во саботата попладне, се трага по пет лица, а во меѓувреме беше објавено дека две се безбедни.