Пожарот „Дикси“ стана втор најголем во историјата на Калифорнија

од Vladimir Zorba
135 прегледи

Пожарот што гори во северна Калифорнија прерасна во втор најголем досега во историјата на таа американска федерална држава, соопштија во неделата локалните власти.

Како што објави Федералното министерство за шумарство и противпожарна заштита, CalFire, пожарникарите се уште се борат со 11 големи пожари низ целата земја и ги повикуваат граѓаните да се подготват за евакуација, пренесе Анадолија.

Во четвртокот вечерта, пожарот „Дикси“, помогнат од сува вегетација и силни налети на ветер, се прошири во историскиот град Гринвил.

Пожарот целосно го уништи Гринвил каде живееја околу 800 локални жители. Повеќе од 180 згради, вклучувајќи историски згради, куќи, деловни простории и училишта, се претворени во пепел.

„CalFire“ на својата веб -страница објави дека пожарот зафатил повеќе од 460.000 хектари.