Ангажирани 644 полицајци во гаснење на пожарите

од Берта Китинска
182 прегледи

Во активностите за гаснење и превенирање на пожарите во изминатото деноноќие биле ангажирани 644 полицајци. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека биле реализирани и 222 мото патроли, при што се користени 205 возила.

На терен, како што посочува МВР, секојдневно се и припадниците на сите специјални единици на полицијата – специјалната антитерористичка единица „Тигар“, Единицата за брзо распоредување и Посебната единица за поддршка.

Во соопштението од МВР се наведува и дека вчера се лишени од слобода две лица кои се сомничат дека подметнале пожар. Приведен е 30-годишен жител со иницијали Д.К. од село Баница, осомничен за подетнување на пожарот кај крстосницата кај селат Дабиле и Сачево, како и 60-годишен жител на Дебар со иницијали Б.М., кој се тивари запредизвикување на пожар во атарот на дебарското село Бомово.

– МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар. Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец, се вели во соопштението.

Слични содржини