Бектеши: Aко сакате да одите по кафулиња, вакцинирајте се

од Берта Китинска
234 прегледи

Министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференција појасни дека потврдите за вакцинирање ќе се бараат на влез на угостителеските објекти.

– При влез на секој гостин во угостителски објект ќе се бара потврда за вакцинација и тоа ќе го прават редарите што ќе ги организираат менаџерите на угостителските објекти, тоа е нивна обврска, а  државниот пазарен инспекторат ќе врши контроли во сите објекти за да видат дали тоа се почитува или не. Во објектите кои имаат обврска да организираат редари ако најдеме невакцинирано лице, казна не плаќа тоа лице туку угостителот. Значи секој граѓанин кој сака да посети угостителски објекти мора да биде вакциниран и да има сертификат за вакцина. Останатите мерки си останува да си важат, како што е четвротица на една маса и дистанца. За непочитување на оваа мерка граѓаните нема да бидат казнети, ќе се казнуваат угостителските објекти. Значи ако сакате да одите по кафулиња, вакцинирајте се објасни Бектеши.

Слични содржини