Финансиската поддршка за ивестирање од дијаспората се зголемува за 15%

од Берта Китинска
198 прегледи

Министерот за економија, Крешник Бектеши на прес-конференција рече дека инвеститорите во зоните наместо еден процент како досега, ќе добиваат по 10 отсто поддршка.

-Поддршката ќе се зголеми од еден на 10 проценти за сите инвеститори кои за своите производи или репроматеријали над 7,5 отсто ќе ги добиваат од домашни претпријатија или од македонски компании надвор од зоните, објасни Бектеши.

Според него, со измените се олеснуваат и условите и за ивестирање од дијаспората, па наместо 10 отсто, сега поддршката за оваа намена се зголемува на 15 проценти.

– За сите наши иселеници кои би се вратиле и би инвестирале во нашата држава се зголемува износот на финансиска поддршка за 15 проценти од оправданите инвестициски трошоци, но не повеќе од 1.000.000 евра, подвлече Бектеши.

Поддршката, согласно законските измени, ќе го стимулира и рамномерниот регионален развој.

-Прв пат се воспоставува за секоја инвестиција надвор од Скопје да има дополнителна поддршка. Ако седум отсто е коефициентот на скопскиот регион, а на североисточниот 14 отсто, а некоја компанија исполнува услови да добие 20 проценти финансиска поддршка, дополнително ќе и бидат дадени уште седум проценти во однос на разликата од најразвиениот скопски регион, истакна министерот.

Тој ги повика сите постојни и нови инвеститорти до 16 август да ги достават апликациите – оние кои се надвор од зоните да пондесат апликации во Агенцијата за странски инвестиции, а оние во зоните да аплицираат во Дирекцијата за ТИРЗ.

Слични содржини