Министерот за економија Крешник Бектеши објаснувајќи ги новите ковид мерки, кои ќе стапат на сила од 16 август, рече дека сите што сакаат да седат во кафеани треба да се вакцинираат.
-Секој граѓанин кој што би сакал да посетува угостителски објекти треба да биде вакциниран, пошто државниот пазарен инспекторат ќе ги интензивира контролите, а дополнително угостителските објекти ќе имаат обврска да имаат редарски служби за да ги проверат, значи граѓаните нема да бидат казнети, ќе бидат казнети угостителските објекти ако не вршат контроли согласно протоколите, рече Бектеши.
Според угостителите пак, новите владини мерки, кои предвидуваат редарски служби да ги контролираат сертификатите на гостите – дали се вакцинирани, се незаконски. Тие се загрижени дека поради новите мерки свадбите веќе почнале да се откажуваат.
-Веќе втор ден имаме откажување на резервации, преместување на свадбени прослави, нели откажување од угостителскиот објект, по кажувањето на младите тие се во барање на вили, викендици, дворови каде што би можеле да ја префрлат својата свадбена забава, вели Марија Синадиновска Арсовска од Иницијативен одбор на ресторани за организирани настани.
Почнувајќи од 16 август, во затворени простории во угостителските објекти не смее да има гости. А сертификат за вакцинација ќе се бара и во отворените простории каде има над 30 лица. Објектите кои се со капацитет под 30 гости, не се обврзани да имаат редарски служби, но сепак објектот ќе биде контролиран од Инспекторатот, па ова може да се протолкува дека и во објектите со помал капацитет, за да влезете, ќе ви биде потребен сертификат за примена вакцина.
Бектеши: Ако сакате да шетате по кафеани, тогаш вакцинирајте се!!!
341