И ВМРО-ДПМНЕ во Централниот штаб на ЦУК, ќе има советодавна улога во гаснењето на пожарите

од desk4
205 прегледи

 

ВМРО-ДПМНЕја прифати понудата на директорот на ЦУК Стојанче Ангелов и ќе предложи свој член во Централниот штаб. Ваквата информација ја потврди партискиот портпарол Димче Арсовски.

-Не се менаџира само со состаноци ваква криза, туку се менаџира со план и протоколи, како да се справиме со неа. вмро-дпмне јавно ги понуди своите капацитети кои ги располага од стрна на лица кои се експерти и кои имаат познавање во таа облас со справување од ваков тип на кризи, така што ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи свој член во тоа тело кој што член ќе дава свои заклулчоци и предлзои за надминјвање на кризата, рече Арсовски.

Според ВМРО-ДПМНЕ Сегашното тело кое раководи со пожарите нема идеи и предлози за превенција и дека се е оставено на помош на странците.

Ангелов утринава посочи дека добро е и опозицијата да учествува во координацијта со справувањето со пожарите, за да види дека институциите со сите силе работат на терен за да ги изгаснат пожарите.