Напаѓачот на Челси, Тами Абрахам планира да замине во Арсенал, иако Аталанта и Рома покажаа интерес за него, пишува Калчомеркато. 23-годишниот фудбалер е свесен дека нема да има место во лондонскиот клуб, откако Ромелу Лукаку е на прагот да се врати на „Стенфорд Бриџ“.
Доаѓањето на Лукаку од Интер во Челси за 115 милиони евра предизвика промени на пазарот, па миланскиот клуб веќе тргна по Един Џеко од Рома и Дуван Запата од Аталанта.
Ова ги принуди Рома и Аталанта да бараат замена во случај нивните напаѓачи да заминат, а двата клуба наводно тргнале по Абрахам.
Челси е подготвен да го даде својот напаѓач на двегодишна позајмица за пет милиони евра, со опција да го откупи договорот за околу 30 милиони евра, објави Калчомеркато.
Истиот извор наведува дека Абрахам повеќе би сакал да се приклучи во редовите на лондонскиот ривал Арсенал отколку да оди во Серија А.
Тој минатата сезона настапи на 32 натпревари за „сините“ и постигна 12 голови, додека реализирал еден за репрезентацијата на Англија на шест натпревари.