Бројот на отворени работни места во американската економија скокна на повеќе од 10 милиони во јуни, што е најголем рекорд, бидејќи пазарот на трудот таму продолжува нагло да закрепнува од минатогодишната економска стагнација, објави Министерството за труд.
На последниот ден од јуни, имаше 10,1 милиони слободни работни места, се вели во извештајот, наспроти 9,2 милиони во мај. Економист, интервјуиран од Доу Џонс, очекувал 9,1 милиони слободни работни места за јуни.
Скокот дојде со зголемување на стапката на откази, пишува CNBC, додека стапката на отпуштање остана непроменета, што ја одразува зголемената „преговарачка моќ“ и можноста за ангажирање работници. Според индустриите, забавата (слободно време) и угостителството покажуваат едно од највисоките нивоа на создавање работни места со повеќе од 1,6 милиони.
Здравствената заштита и социјалната помош имаат 1,5 милиони работни места кои моментално чекаат нов персонал. „Побарувачката за работна сила расте. Ова е трет последователен месец и ова е рекорден број на слободни работни места“, вели директорот на „Indeed Hiring Lab“, Ник Банкер, во белешка.
– Стапката на откази исто така е близу до нејзиниот историски максимум, кој беше поставен пред само два месеци во април. Бранот на побарувачка на крајот ќе се повлече, но дотогаш треба да го водат оние што бараат работа – додаде тој.
И покрај фактот дека стапката на невработеност е се уште над 5%, а американската економија има милиони работни места помалку отколку пред пандемијата, многу компании објавија тешкотии во наоѓањето работници. Номиналните зголемувања на платите, особено кај вработените кои не се делод управата исто така укажуваат на заострување на состојбата на пазарот на трудот.
Ситуацијата во угостителската индустрија во САД станува се потешка, токму затоа што има недостаток на работници, а оние што остануваат – мораат да работат двојни смени, бидејќи обемот на работа е зголемен.
Анкета за слободни работни места беше спроведена пред јулскиот извештај за работа, објавен минатата недела, кој покажа дека 954.000 работни места се додадени во американската економија. Регрутирањето се забрза во текот на летото, по катастрофалните резултати од почетокот на годината.
Во извештајот за вработување во петокот се вели дека 8,7 милиони Американци бараат работа, што значи дека имало повеќе отворени работни места отколку потенцијални работници. Секако, подобрувањето на економијата и тесниот пазар на труд може да ги врати работниците од маргините.
Високото ниво на создавање работни места доаѓа дури и во време кога некои држави ги укинаа дополнителните надоместоци за невработеност – создадени за време на пандемијата – во обид да ги мотивираат Американците да се вратат на работа. Дополнителните придобивки ќе истечат за остатокот од земјата следниот месец.