Во пожарите во Малешевијата првичните проценки се дека изгореа меѓу четири и шест илјади хектари шума. Проценките на НАСА се пострашни. Тие говорат дека последниот месец во Македонија изгореле околу 10 000 хектари шума, шумско земјиште, земјоделски површини и пасишта, вели професорот на Шумарскиот фактултет Никола Николов, за тв Сител.
Според професорот Николов главен фактор за пожарите во 99% случаи е човекот. Не помал фактор е и миграцијата на населението село град во последните 70 години. Напуштените површини кои се водат како ниви и пасишта, сега се шуми. Со ваква состојба на теренот, вели Николов повеќе нема расцепканост на простор со изорани ниви. Сега има само хоризонтален горлив материјал.Според професорот Николов застрашувачки е и извештајот за климатските промени на ОН бидејќи во него има апокалиптични предвидувања.
– Тоа го имамвме на терен во Пехчево, 40 степени C и горлив, поврзан материјал.Ова се идеални услови за пожари. Ако, тука го додадеме и човекот со своето несовесно делување, тогаш ни се случија пожари од големи размери. Шумските пожари, последните години добија ново име на светската конференција во Бразил – „пожари на пределот“. Ние сега имаме проблем кој не е во склад со концептот за заштита од пожари, граден во изминаите 100 години. Во таквиот концепт акцентот беше ставен на гасење на пожарите, што беше во ред за изминатите години. Но, тежиштето сега од гасењето, се префрла кон управување, односно редукција на горливиот материјал, односно преку делување врз оние кои што предизвикуваат „предизвикувачите“, вели Николов.
Николов посочува дека делот за гасење на пожари и понатаму останува исклучително важен, но повеќе не е главиот столб. Ваквата промена во концептот во ситуацијата со пожарите, ја потврдиле и последните пожари во Македонија. Апелира властите да размислуваат за промена на концептот за заштита од пожари на отворен простор во вакви услови. Професорот, посочува дека треба да почнеме да учиме од познатата изрека, кои граѓаните често ја користат, “Гасење на пожар“.
– Оваа изрека ја користиме кога сакаме да посочиме дека некој проблем ни излегол од контрола, и сакаме да го изгасниме проблемот – пожарот. Всушност и гаснењето на реалните пожари, е покривање на некоја претходно направена грешка, аномалија, пропуст, итн. Не зборувам само за инстуциите туку, генерално. Секогаш со вакви пожари и при нивното гаснење се покажуваат организациските недостатоци Всушност, после секој пожар треба да се направи анализа, за тоа кои биле добрите страни, а кои лошите. За жал, кај нас тоа не се прави. Мислам дека со овој пожар, институциите сфатија колку е сериозен проблемот, вели Николов.
Според професорот Николов во справувањето со пожарите имаше грешки, тргнувајќи од луѓето, локалното население, и секако на институциите.
-Сите ние ги сносиме одговорностите за ваквата состојба. Кој помалку, кој повеќе. Институциите повеќе, затоа што тие се одговорни за организацијата кога ќе избијат пожари, иако при вакви идеални услови горлив материјал и високи температури, многу тешко некој може да се справи со пожарите, ако претходно не сте опремени и обучени, на ранг како на некои западно европски земји. Но, еве видовме и кај нив што се случува, вели Николов.
Николов нформациите дека пожарите во нашата држава на годишно ниво прават штета од 6,6 милиони евра.
-Има години кога штетите се над 30 милиони евра. Но, ние немаме официјална методологија за процена на штети каде што влегуваат и еколошки штети. Ако и тоа го пресметаме, затоа што емисијата на јаглерод диоксид само од пожарите во 2017 г. од Македонија отидоа во воздухот, неверојатни милион тони јаглерод диоксид. Не сакам да зборувам за изгорени приватни имоти, куќи, за 2012 г. кога имавме 4 жртви во струмичко. Овие штети не се пресметуваат во пари. Штетите се огромни. И по санирањето на состојбата, сечењето на изгорените дрва, пошумување, во наредните 30 години нема да биде исто. Јас нема да доживам во тој регион, да влезам и да го видам тоа што го гледав. Треба 30 години тој регион повторно да заличи на оној што беше пред пожарите, ако не дај боже повторно се случи, вели Николов.