Заев на фб: Солидарноста го даде резултатот – пожарите се локализираат и гаснат

од desk4
193 прегледи

Премиерот Зоран Заев, на својот фб профил вечерва напиша дека солидарноста, системското функционирање, хиерархиската поставеност, во координација со меѓународните сили, го дадоа резултатот за да се локализираат и изгасат пожарите.
-Заслужни за тоа се армиските хеликоптери, заедно со нашите херои – пожарникарите, полицијата, армијата, шумарите и шумските служби, ДЗС, ЦУК, како и помошта од Австрија, Словенија, Романија, Бугарија и Србија.
Голема е загубата во делот на шумите, но во брзо време ќе ги возобновиме. Важно е дека се заштитени луѓето, куќите, шталите и имотите на граѓаните, напиша Заев на фб.