Богоев: Најнекреативната лажна вест која ја имам слушнато е дека ќе се сруши салата “Борис Трајковски”

од Берта Китинска
343 прегледи

Целосна лага е информацијата дека ќе се руши Спортскиот центар „Борис Трајковски“, која се споделува преку Facebook страницата „Заштита на спортскиот центар Борис Трајковски”, реагираат од општина Карпош.

-Нема да има рушење на ниту еден дел од спортскиот комплекс и тоа е лесно проверливо.

Во постапка е детален урбанистички план за тој дел, но истиот воопшто не предвидува никакво рушење туку изведба на сообраќајници и инфраструктура за поврзување на потегот.Општина Карпош е отворена за комуникација со сите граѓани и медиуми. Секоја вест треба да е аргументирана и базирана на реални факти.

Ги повикуваме и политичките партии и чинители на локално ниво, да не шират лажни вести меѓу граѓаните, велат од општина Карпош.

Оттаму додаваат дека предизборниот период не смее да биде мотив за експанзија на лагите и политичките злоупотреби.

-Знам дека пред избори се шират секакви лажни вести, но дека ќе се сруши спортскиот центар “Борис Трајковски” е навистина најнекреативната лажна вест која ја имам слушнато, напиша на Фејсбук, градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев.

Слични содржини