190
На 10.08,2021, при вршење контрола на лица кои се во домашна самоизолација во гостиварско било утврдено дека З.Б.(33) од Чегране, позитивна на Ковид-19, не била дома и ја напуштила државата, Х.С.(32) од гостиварско Корито, позитивен на Ковид 19 , не бил дома и ја напуштил државата, В.Ш.(52) од гостиварско Корито, позитивна на Ковид-19, ја напуштила државата и А.Ш.(22) од гостиварско Корито, позитивен на Ковид 19, ја напуштил државата, информираат од МВР.
По целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.