Донација од Холандија за четири гевгелиски институции

од Vladimir Zorba
271 прегледи

Во Гевгелија пристигна донацијата во предмети и опрема од Кралството Холандија, која со посредство на граѓанското здружение „Промени се“ ќе биде распределена на четири институции во градот.

Голем дел од опремата заземаат видџет голф патеките кои претежно ќе бидат наменети за лицата со посебни потреби од центарот „Мајка Тереза“ и од Дневниот центар за лица со посебни потреби во Гевгелија, велат активисти од граѓанското здружение.

-Локацијата на голф игралиштето најверојатно ќе биде во близина на старата касарна во Гевгелија. Поставувањето и монтирањето на голф патеките ќе се случи во текот на септември со надзор на експерт кој се очекува да дојде од Холандија, појаснија од здружението.

Покрај голф патеките, составен дел на опремата се хепа филтри за потребите на Општата болница во Гевгелија, противпожарна опрема за
ТППЕ Гевгелија и спортска опрема за учениците од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци.

Слични содржини