Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов преку фб статус информира дека за гаснење на пожарот над селото Ласкарце е напревен план.
-Денес околу 16.00 часот, по однапред направен план на приоритети од страна на Главниот Штаб, двата армиски хелихоптери проодлжуваат со гаснење на пожарот над с. Ласкарце.
Вчера и денес претпладне хелихоптерите и противпожарната бригада дејствуваа врз овој пожар кој се движи по исклучително стрмен терен и сеуште е активен но не претствува опасност за околните села, напиша Ангелов на „Фејсбук“.