354
На островот Евија вечерва околу 22 часот ненадејно започна да врне, што треба да им ја олесни работата на пожарникарите во наредните денови, јавува N1.
Според медиумските извештаи, моменталната ситуација на вториот по големина грчки остров, кој е најзагрозен од пожарите што ја опустошија оваа медитеранска земја, е многу подобра од вчера, односно сите пожари се под контрола, нема отворен пламен, а пожарникарите работат на гаснење на пожарот, бидејќи под опожарените борови уште тлее земјата и трупците.