Сината кофа е подготвена: Биелса гопродолжи договорот со Лидс

од Vladimir Zorba
290 прегледи

Два дена пред почетокот на новата сезона, Лидс ги објави најважните вести. Марсело Биелса ќе седне на клупата на овој клуб уште една година, поточно на сината кофа, која стана негов заштитен знак.

Славниот Аргентинец на почетокот на сезоната 2017/18 го презеде познатиот клуб од Јоркшир и го трансформираше со својата уникатна напаѓачка филозофија во еден од најатрактивните тимови во светот.

Под водство на Марсело Биелса, Лидс се врати во Премиер лигата по 16 години и во првата сезона во елитата 2020/21 го освои деветтото место.

– Од моја гледна точка, Лидс е неверојатен клуб. Често не наоѓате клуб кој инвестира толку многу во својот напредок и иднина. Во светлона тоа, Лидс направи значаен економски чекор напред, така што тренерот може да ги подготви играчите за топ-сезона. Мислам дека дури и најдобрите тренери во светот би ценеле се што има овој клуб во однос на организацијата, структурата и поддршката од навивачите – истакна Бијелса.

Познатиот тренер од Розарио и според мислењето на Пеп Гвардиола, најдобриот тренер во светот, со тоа ја продолжува својата мисија во англискиот фудбал, а првиот голем предизвик го чека в сабота во 13:30 часот кога гостува на „Олд Трафорд“ против Манчестер Јунајтед.

Слични содржини