НОВА СТУДИЈА ОТКРИВА: Синофарм ефикасна 50,4 отсто

од Stefanija Kuzmanovska
472 прегледи

Две дози на вакцината Синофарм биле 50,4 проценти ефикасни во спречувањето на инфекцијата со ковид кај здравствените работници во Перу, каде што бројот на пациенти се зголемува поради присуството на разни соеви, а давање трета, засилувачка доза, може да се земе предвид, се наведува во тамошна државна студија.

Во истата се наведува дека вакцината Синофарм, со која Перу се бореше против жестокиот втор бран на ковид во кој доминираа ламбда и гама соевите, била дадена на 400.000 здравствени работници кои биле на првата линија на фронтот, објави „Ројтерс“.

Повеќето здравствени работници ги добија двете дози. „Ефективноста во спречувањето на инфекциите не е голема и тоа е нешто што треба да го земеме предвид кога голем број од населението ги прима двете дози“.

„Тогаш, можеме да разгледаме засилувачка доза, со цел да ја зајакнеме заштитата за медицинските работници кои се во директен контакт со ковид“, стои во студијата објавена од научници од Државниот институт за здравство и два други истражувачки института.

Вакцината, сепак, е 94 проценти ефикасна во спречувањето на смрт доколку се примат две дози. Некои земји, како што се Камбоџа и Обединетите Арапски Емирати, им понудија на своите граѓани вакцини AstraZeneca и Pfizer како засилувачка доза, по ревакцинација со Sinofarm.

„Најверојатно, навистина ќе ви треба трета доза во одреден момент, единственото прашање е кога е најдобро да се направи тоа и каков тип на зајакнувачка вакцина треба да примате“, рече Лели Солари, една од седумте автори на студијата, за „Ројтерс“.

Тој додаде дека ефективноста на Синофарм против инфекција е ниска, но дека сепак е прифатлива според стандардите на Светската здравствена организација.

Перу вклучи асимптоматски инфекции во студијата, а Солари предупреди дека повеќето податоци се направени врз основа на искуствата на здравствените работници. Медицинските работници во Перу беа вакцинирани исклучиво со Синофарм, бидејќи кинеската вакцина прва пристигна во јужноамериканската земја, а подоцна жителите беа имунизирани со вакцините AstraZeneca и Pfizer.

Слични содржини