Министерството за здравство на Израел денеска објави дека кампањата за вакцинација со третата доза на вакцина против ковид-19 ќе се понуди на 50-годишници и постари лица, со цел да се запре растот на нови случаи поради ширењето на делта-сојот.
„ Лицата кои можат да ја примат третата доза се постари од 50 години, здравствени работници, лица со послаб имунитет, затвореници и затворски работници“ се наведува во соопштението на Министерството за здравство.
По успешната кампања за вакцинација, во која околу 60 проценти од населението прими две дози на „Фајзер“, бројот на дневни случаи опадна од повеќе од 10.000 на едноцифрени бројки во јуни.
Меѓутоа, со ширењето на делта-сојот, бројот на случаи повторно се зголеми во Израел, така што во понеделникот имаше 5.946 новозаразени, а исто така се зголеми и бројот на тешки случаи.