Како најуспешен мировен договор во регионот, Охридскиот рамковен договор го издржа тестот на времето, создадавајќи цврста општествена кохезија и чувство на припадност кон заедничката држава, напиша mинистерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук-профил.
– Република Северна Македонија прераснува во единствената функционална мултиетничка демократија во регионот; земја пример во регионот; земја која е подготвена да биде рамноправен дел од меѓународната заедница, со сите права и обврски. Членството во НАТО, но и забележливиот напредок во процесот на евроинтегрирање е резултат на унапредувањето на уставниот поредок и интерната кохерентност која се постигна со Охридскиот рамковен договор. Токму затоа, денес, две децении подоцна, преземаме обврска да го зачуваме Духот на Охридскиот рамковен договор и да обезбедиме негово заедничко растењето и созревање со нашата заедничка држава!, напиша Османи