Спасовски: Ги прекинавме старите политики на поделби и се определивме кон решавање на предизвиците

од Берта Китинска
185 прегледи

Денеска присуствував на конференцијата „После Охрид“, по повод 20 години од Охридскиот рамковен договор, кој е темел на нашиот концепт „Едно општество за сите“ и патоказ кон дијалогот којшто обезбедува иднина и сигурност за сите наши граѓани, напиша на својот Фејсбук профил министерот за внтрешни работи, Оливер Спасовски.

-Охридскиот рамковен договор е гаранција за мирот и стабилноста во државата и регионот, но пред сѐ, претставува трајна придобивка за соживот и меѓусебно разбирање за сите наши заедници. Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други заедници се мозаикот на различностите на Северна Македонија.

Ги прекинавме старите политики на поделби и се определивме кон решавање на предизвиците – заедно изградивме граѓанско и кохезивно општество, во духот на европските вредности, коешто се базира на владеење на правото, почитување и заштита на човековите права, како и на постојано унапредување на статусот на заедниците, со цел еднакви шанси за сите, рамномерен инклузивен развој и достојно почитување на етничките и културните специфики.

Продолжуваме да се развиваме во заедница во која секој граѓанин ќе добие достоинствен живот – од држава во војна, во држава членка на НАТО и идна членка на ЕУ, вели Спасовски.