„Вие сте биле поревносни слуги и од путерот на Зоки! А Димче кај ќе седне, во скут кај Зоки или кај Таљо?“ се само дел од одговорите кои лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги дава на социјалните мрежи, на прашања и констатации на неговите фанови.
Иако ова се одговори кои не ги дава лично лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, сепак дали ова доликува на лидер наопозиција кој е професор и кој утре претендира да ја води оваа држава, останува да ценат граѓаните.
Тој во своите одговори го напаѓа и лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
„Жалам но лошо слушате или пак намерно сакате лошо да слушате! Таква е задачата што Зоки му ја даде на Димче (Апасиев), лошо да слушате за да одвлечете внимание од вистинските проблеми. Кратко ќе ви трае улогата верни слуги на Заев“, вели Мицкоски.
На прашање дали ќеприсуствува на прославата на 20-годишниата од Рамковниот договор и дали се договорил со Заев за Пописот, Мицкоски вели: Изгледа пликцето овој месец од Вила парк ќе биде подебелко! Одлично сработено, Зоки ќе биде задоволен од вас и Димче!“