Спасовски: Посветени сме на утврдување на одговорност за подметнување или предизвикување на пожарите

од Vladimir Zorba
182 прегледи

МВР е целосно посветено, како кон превенирањето и гасењето на пожарите низ државата, така и кон спроведување на законот во делот на утврдување на одговорност за подметнување или предизвикување на пожарите, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во изјава за Канал 5.

„Досега се приведени 17 лица, а повикани на разговор во станица се уште 16 лица. Во координација со Јавен обвинител се работи на расчистување на сите случаи, а досега веќе се поднесени 3 кривични и 2 прекршочни пријави. Сакам уште еднаш да изразам благодарност на сите пожарникари во државата, на полициските службеници, посебно на припадниците на специјалната полиција кои беа деноноќно на терен, на припадниците на Армијата, а посебно признание заслужуваат сите солидарни граѓани коишто се вклучија во гасењето на оваа огнена стихија“, истакна Спасовски.