Претседателот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ Игори Николов смета дека власта доцни со здравствеите мерки. Тој во разговорот за Сител ТВ посочи дека тие подготвиле цел сет на предлог мерки за да може здравствениот систем да се справи со четвртиот бран на коронавирусот.
-Во јули месец беа истите објавени, но за жал немаше никаков одговор од страна на Владата, а денеска се наоѓаме во една ситуација во која Инфективна клиника е полна до четврти спрат и имаме навала на огромна бројка на пациенти а здравствениот систем повторно не е спремен да одговори, рече Николов.
Тој посочи дека додека во во соседните земји цело лето беа во тек промотивните мерки за вакцинирање, можеше и нашата влада да ги следи нивните мерки. На пример ваучерите кои ги одвојуваше можеше да ги намени за вакцинација, како што тоа беше во соседна Србија. а сега се воведуваат мерки кои требаше да се прават измеѓу третиот и овој бран.
-Колку оваа присилна вакцинација со прва доза на вакцината против ковид -19 ќе придонесе да немаме потешки случаи допрва ќе видиме. Можеби и ќе има некаков ефект но ќе биде задоцнет бидејќи четвртиот бран веќе е во полн ек, рече Николов.
Смета дека Записниците од заседавањето на Комисијата за заразни болести треба да бидат јавно достапни, за да се види дали, таа мерките ги предложила а Владата не ги усвоила.