МНР: Да не се патува во Авганистан, а тие што се таму да се вратат

од desk4
173 прегледи

Македонското министерство за надворешни работи, на граѓаните им препорачува да ги одложат сите патувања за Авганистан, а доколку се наоѓаат таму, веднаш да заминат бидејќи им е загрозена лична безбедност. Ваквата препорака на МНР доаѓа откако се влоши безбедносна состојба и воените дејствија се зголемија.

„Министерството  за надворешни работи ги повикува сите државјани на Република Северна Македонија кои се наоѓаат на територијата на Исламската Република Авганистан, во случај на итна потреба и барање помош, да се обратат на следниот телефонски број +389 75 273 732“, пишува во соопштението до медиумите.

Талибанците го зазедоа и вториот по големина град во Авганистан, Кандахар. По офанзивата на талибанците, во која го зазедоа и вториот по големина град во Авганистан, Кандахар, многу земји ги повикаа своите државјани да го напуштат Авганистан.

Офанзивата на талибанците низ Авганистан трае повеќе од два месеци, откако САД и сојузниците почнаа со најавеното повлекување на своите трупи од земјата. Повлекувањето треба да заврши до крајот на месецот. Како се наближува тој рок, талибанците заземаат сè поголема територија од Авганистан.