Скопје ги започна постапките за изведба на две летни отворени сцени во зелениот појас на Градски парк во Скопје, едната спроти Сточарскиот институт во вториот дел во Градскиот парк и другата во непосредна близина на езерцето, спроти Кајак кану клубот „Илинден 90“.
Двете сцени ќе се изведуваат според наградените решенија, каде Град Скопје минатата година објави оглас за конкурс за избор на три партерни идејни решенија за „Летна отворена сцена“ на три локации во зелениот појас на Градскиот парк во Скопје.
Град Скопје најдобрите трудови ги награди со по 70.000 денари за секоја од трите локации.