Поранешен шеф на контраразузнавачка служба: „САД е мета на Русија и Кина“

од Vladimir Zorba
219 прегледи

Русија претставува закана за Соединетите држави поради нејзините обиди да внесат раздор во Конгресот и да ја дестабилизираат ситуацијата во земјата, смета шефот на американскиот Национален центар за контраразузнавање и безбедност, Вилијам Еванинa, пренесе „РТ“.

Според него, Русија и Кина ги здружиле силите за да „сеат раздор“ во САД, само што Русија наводно се занимава со тоа на федерално ниво и во рамките на Конгресот, а Кина – на државно ниво.

Поранешниот шеф на контраразузнавачката служба смета дека Москва спроведува „нелегални активности во сајбер-просторот“, како и организирање кампањи од големи размери на „злонамерно влијание“ на социјалните мрежи.

Еванина е, исто така, убеден дека двете земји имаат намера да управуваат со „ранливиот синџир на снабдување на Соединетите држави“, во врска со што тој предложи формирање на специјална единица во разузнавачките агенции за развој на методи на заштита, што може да им ги предложи на владата стратегии за намалување на влијанието на Москва и Пекинг и ќе помага во развојот на принципите за заштита.

Западот постојано ја обвинува Русија за мешање во внатрешните работи на трети земји и сајбер-напади. Така, минатата пролет британските и американските власти објавија дека руската странска разузнавачка служба е вмешана во нападите на „Солар виндс“.

Во Москва овие обвинувања ги нарекоа глупости и изјавија дека обвинувањата на западните земји не се поткрепени со никакви докази.