Филипче: Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата

од Stefanija Kuzmanovska
149 прегледи

Изминатата недела дадени се без малку 50.000 први дози на вакцини, информира министерот за здравство Венко Филипче.

„Изминатата недела аплицирани се вкупно 49.569 први дози на вакцини во државата. Прва доза вакцина во петокот и вчера примиле 13.950 граѓани, а втора доза, вкупно 8.636 граѓани. Вкупно се аплицирани 1.058.112 дози вакцини, а ревакцинирани се 471.728 граѓани“, наведе Филипче.

Тој истакна дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.

„67% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. 64% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина. 60% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина. 50% од населението над 50 години имаат примено барем една доза вакцина“, објасни министерот.

Вакцините се безбедни и ефикасни, подвлече Филипче, и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста.

Слични содржини