Министерот за надворешни работи, Бујар Осамни разговарал со неговиот турски колега Мевљут Чавушоглу, околу состојбата во Авганистан и побарал евентуална асистенција доколу се појави потреба за извлекување на нашите граѓани таму.
„Добив уверување од колегата Чавушоглу на дека нивното присуство во Кабул е стабилно, дека располагаат со доволно логистички капацитет за трансфер на нивните граѓани, и дека ќе имаат предвид, доколку се појави потреба, да помогнат и при извлекување и на наши граѓани. Благодарам Турција“, сподели Османи.
Според последните сознанија, околу 100 наши граѓани се идентификувани дека се сѐ уште присутни во Авганистан, и сега за сега сите се наоѓаат на безбедни локации. Според последните информации кои МНР ги добило од компаниите кои ги ангажираат, работниците не се соочуваат со потешкотии и имаат резервирано сопствени летови за евакуација на нивните работници, а дел од нив веќе се префрлени во некои од соседните земји и нивниот трансфер дома не е спорен.