„Слобода значи право на избор“: Протест во Скопје поради новите рестрикции за невакцинираните

од Vladimir Zorba
261 прегледи

Вечерва се случува протест пред Собранието поради новите рестрикции за невакцинираните лица, кои се носат поради влошената состојба со коронавирус.

Демонстрантите скандираа „Слобода“, „Мое тело, мој избор“, „Народе разбуди се“, „Убијци“ додека се движеа по улиците низ Скопје, а од мегафон се повикуваше народот да излезе на улиците.

На протестот се гореа и заштитни маски, кои ги донесоа присутните. Освен транспаренти, беше забележано и знаме од Вергина, како и партиски маици.

„Ја продадоа државата, историјата, единствено што остана е нашата слобода“, рече еден од демонстрантите.

Со новите мерки од утре се забранува влез на невакцинирани во затворени објекти, но и на настани на отворено каде има поголем број на луѓе.

Освен за вакцинираните, новите мерки нема да важат и за оние кои прележале Ковид-19 изминатиот месец и половина.