Федерер повторно оди на операција на коленото, близу е крајот на кариерата?

од Vladimir Zorba
215 прегледи

Дваесет кратниот освојувач на Гренд слем турнирите, Роџер Федерер повторно ќе оди на операција на коленото!

Ова го објави самиот тој на социјалните мрежи, па сега е повеќе од јасно дека нема ништо од УС Опен.

Не само тоа, туку многумина веќе веруваат дека неговата кариера е при крај.

– Направив многу проверки со моите лекари во врска со колената … Се повредив во текот на сезоната на трева и секако ова не е начин да се оди напред. Ми рекоа дека морам да одам на нова операција за да се чувствувам подобро. Решив да го направам тоа – рече Федерер.

Прашањето е кога Роџер ќе се врати на теренот по третата операција.

УС Опен беше загубен за него, веројатно и Австралија опен, но сега речиси се е под знак прашалник за Швајцарецот.

Слични содржини